Правила и услови

НАЧИН НА СОБИРАЊЕ НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

Податоците при вашата посета на веб-сајтот се собираат директно од Вас, односно на начин што Вие лично и директно ни ги доставувате податоците или автоматски преку алатката „Колачиња“ доколку сте се согласиле со истата (Ве молиме прочитајте ја Политиката за користење на колачиња).

 

ЗА КОИ ЦЕЛИ СЕ СОБИРААТ ВАШИТЕ ПОДАТОЦИ?

Бродец-Импекс ДООЕЛ ги собира и обработува Вашите лични податоци исклучиво за целите за кои истите се дадени како што се:

ВРШЕЊЕ НА ДИРЕКТЕН МАРКЕТИНГ
Цел – вршење на директен маркетинг односно доставување информации за производи, промоции, новитети и понуди во нашите продавници,
Правна основа – изјава на согласност
Обработката се врши исклучиво врз основа на Ваша претходно обезбедена согласност.
Категории на лични податоци
име и презиме
домашна адреса
Град
е-mail адреса и
телефонски број

ОНЛАЈН ПРОДАЖБА
Цел – онлајн продажба
Правна основа – исполнување на договорна обврска
Категории на лични податоци
име и презиме
домашна адреса
е-mail адреса
телефонски број
Град

 

НАЧИН НА ОБРАБОТКА НА ВАШИТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ И РОКОВИ НА ЧУВАЊЕ НА ВАШИТЕ ПОДАТОЦИ

Вашите лични податоци нема да се обработуваат за ниту една друга цел, освен за целта заради која се собрани. Собраните лични податоци се обработуваат, механички и/или електронски, исклучиво од страна на лица, вработени/ангажирани од Бродец-Импекс ДООЕЛ коишто имаат пристап до истите и кои се авторизирани и овластени да извршуваат анализи, како и со почитување на начелата за обработка на личните податоци од Законот за заштита на личните податоци.Обработката на Вашите лични податоци ја врши Бродец-Импекс ДООЕЛ согласно прописите за заштита на лични податоци на Република Северна Македонија, преземајќи ги сите пропишани технички и организациони мерки за обезедување на тајност и заштита при обработката на личните податоци со кои располага.

Дополнително, Бродец-Импекс ДООЕЛ применува сигурносни мерки при прибирање, чување и процесирање на информациите заради заштита од неавторизиран пристап, промена, откривање или уништување на Вашите лични податоци, како и податоци што не се лични, а се складирани на нашата страна. Личните податоци може да бидат доставени само на надлежните органи, согласно со законски предвидената постапка.

Доколку одлучите да ја повлечете Вашата согласност за обработка на Вашите лични податоци, Вашите лични податоци ќе бидат избришани, освен личните податоци за кои Бродец-Импекс ДООЕЛ има законска обврска да ги чува во законски определен рок согласно Законот за архивски материјал или друг применлив закон.

 

ПОЛИТИКА ЗА НАЧИН НА ВРШЕЊЕ НА ОБРАБОТКА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ЦЕЛИ НА ДИРЕКТЕН МАРКЕТИНГ

Вашите лични податоци може да ги користиме за да Ви праќаме директни маркетинг соопштенија за нашите новости, попусти и промоции. Тоа може да биде во форма на е-пошта, постирање, SMS, телефонски или целни интернет-реклами. Ние го ограничуваме директниот маркетинг на разумно и на пропорционално ниво и Ви праќаме соопштенија за кои сметаме дека ќе бидат интересни и релевантни за Вас, врз основа на податоците што ги имаме за Вас. Вашите лични податоци ги користиме за цели на директен маркетинг исклучиво врз основа на Ваша согласност за обработка на Вашите податоци за цели на директен маркетинг која имате право да ја дадете при пристап и користење на истата.

При посета на нашиот веб-сајт, имате право да ја оставите својата e-mail адреса во полето “Писмо со новости” внесување на вашата e-mail адреса и со штиклирање на полето “ Ги прочитав и се согласувам со Политиката за приватност”

Вие имате право во секое време да побарате од нас да не испраќаме маркетинг соопштенија и да не ги користиме Вашите лични податоци кога вршиме профилирање за целите на директен маркетинг. Може да одбиете да примате електронски вести и други маркетинг соопштенија, доколку ги следите упатствата за одбивање содржини во електронските пораки, преку следење на линковите за исклучување на определена опција во долниот дел од електронската порака: “Unsubscribe from this list”

Или, Вашите права може да го контактирате нашиот Офицер за заштита на личните податоци:

Коста Јанчевски

Е-маил адреса: [email protected]

Контакт телефон: +389 70 700 373

 

ВАШИ ПРАВA

Вие како субјект на личните податоци, може да го контактирате Офицерот за заштита на личните податоци во секое време за да ги остварите вашите права. Правата кои ги имате се следниве:

  • Право на информации и право на пристап на субјектот до личните податоци
  • Право на исправка на неточни или нецелосно лични податоци
  • Право на бришење на личните податоци
  • Право на ограничување на обработката
  • Право на преносливост на податоците – право да ги добиете ваши лични податоци во стуктуриран, вообичаено користен, машински читлив формат, или да побарате да ги пренесеме тие податоци на друг контролор;
  • Право на приговор против обработката на личните податоци;
  • Субјектот на лични податоци има право да ја повлече согласноста во секое време и да запре обработката на личните податоци базирана на согласноста
  • Право да поднесе барање до Агенцијата за заштита на личните податоци

За дополнителни информации и/или остварување на Вашите права за заштита на лични податоци, можете да го контактирате нашиот офицер за заштита на лични податоци    Коста Јанчевски на следниов e-mail: kostajancevskiotmail.com

 

ДАВАЊЕ ПОДАТОЦИ НА КОРИСТЕЊЕ НА ТРЕТИ ЛИЦА

Личните податоци може да бидат доставени само на надлежните органи, како и на трети лица-обработувачи со овластување дадено од страна на Контролорот и под услови и до степен дозволен со Законот за заштита на лични податоци.

 

  1. ПАРЕНОСНА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ВО ДРУГИ ДРЖАВИ

 

Бродец-Импекс ДООЕЛ не врши пренос на лични податоци во трети држави.

 

ПРОМЕНА НА ПОЛИТИКАТА НА ПРИВАТНОСТ ОД КОНТРОЛОР

Оваа Политика за приватност може да биде изменета во кое било време со објавување на изменетиот текст на Политиката за приватност на нашата интернет страна, како и датумот на ажурирањето. Измените на Политиката  за приватност влегуваат во сила веднаш по нивното објавување. Оттука, Ве молиме периодично да ја прегледате Политиката за приватност и да ги прочитате нејзините евентуални измени. Со продолжување на пристапот и користењето на нашата интернет страна, корисникот се согласува со измените и ги прифаќа одредбите од оваа Политика за приватност.